Уште една жртва на скопските улици – сообраќајна несреќа синоќа пред полноќ одзеде човечки живот во општина Илинден. Несреќата се случила на улицата „500“ во село Марино, кога патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишник, удрило во 52-годишен пешак, двајцата од истото село.
Од здобиените повреди, пешакот починал на местото на несреќата. Возилото е одземено за вештачење, а возачот е задржан во Полициската станица Гази Баба. Овој случај е уште едно потсетување на сериозниот проблем со безбедноста во сообраќајот во главниот град.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





