Темно Режим Светло Режим

Влатко Стефановски доби „Порин“ за животно дело во Сплит

Влатко Стефановски доби „Порин“ за животно дело во Сплит Влатко Стефановски доби „Порин“ за животно дело во Сплит

Еден од најреномираните македонски гитаристи, Влатко Стефановски, во Сплит ја доби престижната награда за животно дело „Порин“, која се доделува за исклучителен придонес во музиката.

Со ова признание, организаторите му оддадоа почит за неговата долгогодишна и богата кариера, бројните албуми, меѓународни турнеи и значајни соработки што оставија силен белег врз музичката сцена во регионот.

Наградата му беше врачена во рамки на неговиот концерт „Acoustic Night“, одржан во Хрватскиот дом во Сплит, каде што настапи пред бројна публика.

Во пресрет на настанот, Стефановски ги претстави и своите најнови музички изданија – авторскиот албум „Muscle Memory“ и проектот „Guitar Sings“, реализирани во соработка со издавачката куќа Croatia Records.

Ова признание уште еднаш ја потврдува неговата исклучителна улога и влијание во музиката, како на домашната, така и на меѓународната сцена.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
МЗТ со тешка победа над Тиквеш, Пелистер подобар од Гостивар

Драма во Скопје: ТФТ со серија 12-0 до победа над Гостивар

Следниот Пост
Турскиот клуб бара капитенот на Македонија да го прескокне мечот во Даблин

Коњаспорт побара Барди да го прескокне мечот во Даблин