4 илјади празни бруцошки столчиња на неколку факултети на УКИМ

Ако секој втор уписен рок за идните студенти, до пред неколку години, беше голем проблем бидејќи местата на речиси сите факултети во Македонија беа пополнети, сега имаме целосно спротивна и разочарувачка ситуација.

Имено, во овој момент, четири факултети во земјава нудат по околу 1000 слободни мести за вториот уписен рок. Тоа се Природно-математичкиот (ПМФ), Филолошкиот, Правниот факултет и ФИНКИ, при УКИМ. Се работи за 4.535 места за бруцоши или 41,53 отсто од вкупно 10.918 предвидени во Конкурсот.

Анализирано по факултети, ПМФ има најмногу слободни места, односно 1.275, од кои 655 се за редовни бруцоши финансирани од државата, 445  исто така за редовни но со партиципација и 175 за вонредни студенти.

 

Причината за ваквата состојба е повеќе од јасна: младите се иселуваат од државата. Излевањето на млади умови е постојан проблем што непрестајно расте, и ако порано мнозинството во текот на студирањето или на крајот заминуваа, сега очигледно тоа го прават уште пред да се запишат на факултет.

Претходна вестРеката во Лажани ги казни несовесните градители… Поплавени и Виница, Неготино, Тетово…
Следна вестРечиси 23 отсто помалку заразени со ковид минатата седмица