Речиси 23 отсто помалку заразени со ковид минатата седмица

Паѓа бројката на новозаразени од ковид 19 на неделно ниво, ова го покажуваат резултатите од последната статистика на Институтот за јавно здравје, за периодот од 15 до 21 август.

Во тие 7 дена, регистрирани се вкупно 2.686 нови позитивни случаи од 34 градови, што е намалување од 22,7 проценти во однос на претходната недела.

Најголем број од регистрираните случаи се од Скопје, а најзастапена е возрасната група на лица над 60 години. Во однос на претходната недела, регистрирано е намалување кај сите возрасни групи со најзабележително намалување од 36,3 отсто во возрасната група 10-19 години.

Претходна вест4 илјади празни бруцошки столчиња на неколку факултети на УКИМ
Следна вестЗошто комисистите избегнуваат јавна дебата со релевантните македонски историчари?