442 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (30.10.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 442 возачи.

Од нив, 45 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 213 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 229 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестТешко повредена жена кај Орешани
Следна вестВо изминативе три дена регистрирани се 71 нови случаи на Ковид-19