Тешко повредена жена кај Орешани

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна незгода што се случила завчеравечер кај Орешани, скопско, сооошти полицијата.

МВР информира дека на 29.10.2022 во 18.30 часот било пријавено дека незгодата се случила на локалниот пат Скопје-Зелениково атар на с.Орешани.

-Товарно моторно возило “цитроен џампер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(40) од Скопје, удрило во Н.З.(68) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.З., констатирани во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, се наведува во информацијата.

 

 

 

Претходна вестКој ќе ѝ пренесе на Данела, дека автобусите не возат?
Следна вест442 казни за брзо возење