Уапсено е едно лице од Струмица поради удар со возило во полицаец, соопшти денеска МВР.
Полицијата го уапсила И.Ј.(40) од Струмица затоа што вчера околу 02:20 часот со автомобил марка „ауди“ удрил во полициски службеник кој извршувал службени задачи и потоа побегнал од местото на настанот.
-Возачот на „аудито“ бил запрен од страна на полицискиот службеник на улицата „Димитар Цветинов“ и откако му се легитимирал му било наредено да се врати назад заради вршење увид од страна на полицијата. Тој не постапил по наредбата и удрил во полицаецот со автомобилот, соопшти полицијата.
Полицаецот не е повреден, а лицето било пронајдено и задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против струмичанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.




