Пет пациенти починале од вирусот во последните 24 часа во Македонија. Ова пред малку го соопшти министерството за здравство преку Фејсбук.
-Направени 776 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на ковид-19.
По градови: Скопје 57, Куманово 13, Дебар 1, Штип 3, Тетово 19, Струга 1, Велес 1, Битола 2, Охрид 1, Гостивар 1 и Ресен 2 лица.
Починати се 5 лица, еден од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациент од Струга и еден од Гостивар, стои во соопштението
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 51.160 тестирања на ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 5106, бројката на оздравени пациенти е 1926, на починати е 238, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2942.