Концерт на камерниот оркестар Скопски солисти, вечерва во Филхармонија

На чело со познатиот обоист Васил Атанасов, камерниот оркестар Скопски солисти, вечерва, со почеток во 20 часот во Филхармонија ќе го одржи вториот концерт за оваа јубилејна – дваесетта година со наслов “Нашите од Европа“. Како солист настапува Благој Ламњов, а диригент ќе биде Виктор Митревски.

-Јас сум првпат поканет да свирам на еден ваков посериозен концерт во Македонија и навистина сум благодарен на професорот Васил Атанасов што пред се го одржува овој ансамбл. Имам продуцирано мали концерти и еден албум и знам колку е тешко да се продуцира еден концерт, истакна Ламњов.

Репертоарот содржи дела од Комитас, Штамитц, Сибелиус и македонската народна песна „Сербез Донка“ која ќе биде изведена во преработка и аранжман на Карл Јохан Анкарблум.

Претходна вестЧетири дена Владата молчи зошто само на Арачиново му даде пари за ковид-19?
Следна вестПроменливо облачно со повремено засилен ветер