71-годишен битолчанец осомничен за полов напад врз осумгодишно дете

Истрага против 71-годишен битолчанец, осомничен дека извршил полов напад врз осумгодишно дете, отворило Основното јавно обвинителство Битола. Во соопштението се наведува дека настанот се случила на 25 септември во неговиот дом каде што го заклучил детето.

-Осомничениот 71-годишник на 25 септември, во својот дом во Битола, извршил други полови дејствија врз осумгодишно дете, кое го заклучил во станот. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот,стои во соопштението.

Судијата, како што се додава, го прифатил предлогот и на осомничениот му одредил притвор од 30 дена.

Осомничениот се гони за кривичното дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик, за што е предвидена затворска казна од најмалку осум години.

Претходна вестАпасиев ја поднесе Иницијативата за референдум до ДИК: Ако Џафери не спречи, ќе го блокираме Собранието
Следна вестМОН дало согласност првачињата Албанци да учат од ист буквар како и врсниците од Албанија и Косово