78-годишен маж загина во пожар во својот дом во тетовско Рогле

Седумдесет и осумгодишен маж со иницијали М.Р., загина вчера во пожар во домот во тетовското село Рогле.

Со интервенција на тетовските пожарникари пожарот бил целосно изгаснат, објави МВР.

На местото увид извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Се работи на расчистување на случајот.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ се согласува за лидерска средба, бараат средбата да биде после 11 часот зошто Мицкоски има предавање
Следна вестЗаедничка координација на Македонија и Унгарија за идни чекори за поставената такса на руски гас од Бугарија