ВМРО-ДПМНЕ се согласува за лидерска средба, бараат средбата да биде после 11 часот зошто Мицкоски има предавање

ВМРО-ДПМНЕ се согласува за лидерска средба во понеделник. Но од партијата замеруваат тоа што комуникацијата, како што велат, по вака важни прашање, се врши по медиуми.

-Лидерска средба е секако прифатлива за во понеделник, на која очекуваме да се разговара конечно за прецизирање на датум за избори, прифаќање на забелешките на Обсе Одихр, како и понудата за укинување на техничка влада, во замена за тоа да нема технички оремиер од ДУИ. Воедно бидејќи се одлучи за комубикација преку медиуми, замолуваме средбата да биде после 11 часот во понеделник бидејќи претседателот на ВМРО ДПМНЕ има часови со студенти на Машинскиот факултет каде работи како редовен професор, велат од најголемата опозициска партија.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера од заедничката прес-конференција со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел најави дека за в понеделник (4 декември) е закажана лидерска средба на која се очекува да се прецизира датумот на одржување на претседателските и парламентарните избори в година.

 

Претходна вестВардар повторно загуби, Шкендија го доби Работнички, само бод за Шкупи во Гостивар
Следна вест78-годишен маж загина во пожар во својот дом во тетовско Рогле