202 казнети возачи во Скопје, 90 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 90 санкции, 42 мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 12 мерки за возење без возачка дозвола, шест за возач почетник.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Претходна вестПротест на кандидатите за полагање испит за директори во училиштата
Следна вестЗатворени четири локали во Битола – пронајдена дрога и лажни сертификати