Институтот за македонски јазик го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик денеска ќе се одржи во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” – Скопје. Главната манифестација ќе се одржи во амфитеатарот на Институтот.

-Чествувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик го поврзуваме со јубилејот 150 години од раѓањето на Гоце Делчев и поголемиот дел од програмата на манифестацијата им го посветуваме на учениците од општинските основни училишта на територијата на Град Скопје што го носат името на овој голем македонски револуционер, велат од Институтот.

На манифестацијата излагање на тема „Мајчиниот јазик, патоказ кон спознавањето” ќе одржи проф. д-р Весна Костовска.

Претходна вестРимјаните побрзо ја правеле Виа Игнација од нашиве сега реконструкцијата Катланово – Петровец
Следна вестЗаврши Зимската олимпијада, Норвешка, Русија и Германија со најмногу медали