Владата одлучи: Ќе прифатиме бегалци од Украина

Владата на денешната седница одлучи Македонија да прифати украински државјани кои се приморани да ја напуштат својата држава.

Според ова, специфични државни институции се задолжуваат во најскоро можно време да достават информации за расположливите државни сместувачки капацитети, со цел подготвеност за евентуална бегалска криза.

Дополнително, на украинските државјани кои се затекнати во земјава и кои заради безбедносната состојба не се во можност да се вратат во Украина, ќе им се овозможи продолжување на престојот во земјава, додека за тие кои ќе бидат приморани да ја напуштат својата држава, нашите институции ќе обезбедат олеснет влез и без обврска за поседување негативен ПЦР тест за КОВИД-19, поради хуманитарни причини.

Претходна вестНови 457 заразени и 9 починати
Следна вестИстражување: За 60 проценти од населението во Македонија заканата од корона вирусот е претерана, секој втор не верува во ефикасноста на вакцините