Истражување: За 60 проценти од населението во Македонија заканата од корона вирусот е претерана, секој втор не верува во ефикасноста на вакцините  

Верување дека заканата од корона вирусот е претерана имаат 60 посто од граѓаните во Македонија, а секој втор смета дека вакцините се ефикасно средство против пандемијата. Вакви резултати покажало истражувањето за ставовите кон КОВИД-19, спроведено од меѓународната асоцијација Галуп на крајот на 2021 година. Истражувањето вклучува 45 земји низ светот и околу 42 000 полнолетни граѓани, меѓу кои и 1.210 од Македонија.

-На прашањето “Колку се согласувате или не се согласувате со следнава изјава: Верувам дека заканата од коронавирусот е претерана“, во С. Македонија, 60 проценти од испитаниците веруваат дека заканата од корона вирусот е претерана (20 отсто се согласуваат, а 40 проценти многу се согласуваат), 34 отсто сметаат дека заканата од коронавирусот не е претерана (28 отсто не се согласувам и  6 проценти многу не се согласувам). Пет проценти од анкетираните немаат одговор на ова прашање, се наведува во истражувањето кое во наша земја го спроведе „Брима“.

На прашањето “Колку се согласувате или не се согласувате со следнава изјава: Се сомневам дека/дали вакцините против коронавирус се навистина ефикасни“, Македонија е во рамките на светскиот просек.

-Скоро половина (49 отсто) од испитаниците се изјасниле дека се согласуваат со оваа изјава, 43 проценти не се согласуваат со оваа изјава, а 5 отсто немаат одговор на ова прашање, покажува анкетата.

На прашања колку сум подготвен да жртвувам некои од моите човекови права доколку тоа помогне да се спречи ширењето на вирусот, Македонија е во рамките на светскиот просек од 60 проценти. Односно, кај нас 61 процент од анкетираните се согласуваат со оваа изјава и покажуваат подготвеност да жртвуваат некои од своите човекови права доколку тоа го спречи ширењето на вирусот, 31 процент не се подготвени за тоа, а 8 отсто немаат одговор на ова прашање.

Претходна вестВладата одлучи: Ќе прифатиме бегалци од Украина
Следна вестСо СМС пораки ќе се известуваат граѓаните кога и каде може да се вакцинираат