На територија на град Скопје вчера се изречени 217 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 76 санкции, 33 санкции за возење под дејство на алкохол, 15 мерки за возење без возачка дозвола, сооопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Полицијата во текот на вчерашниот ден продолжила со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– Изречени се и 13 мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за некористење на сигурносен појас, 29 за непрописно паркирање, се наведува во информацијата.
МВР предупредува дека засилените акциски контроли продолжуваат.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.