Со масовни собири пред црковниte храмови, со молитви, запалени свеќи и традиционалните црвени јајца православните верници во Македонија од ноќеска на полноќ го прославуваат Велигден или Воскресение Христово — еден од двата најважни празници во христијанството. Се прославува воскреснувањето на Исус Христос, третиот ден откако бил распнат на крстот, што во христијанската религија се смета како непосреден доказ за вистинитоста на оваа религија.
Бројни православни верници ноќеска стоеја пред храмовите со запалени свеќи за да по трикратниот опход на црквите, со полноќно удирање на камбаните и читање на велигденскот послание, заедно со свештениците влегуваа во испразнентите цркви кои го симболизираа местото на кое воскреснал Исус Христос. Од полноќ, верниците меѓусебно си упатуваа поздравите „Христос воскресе – Навистина воскресна“ при што следеше и традиционално кршење на црвени јајца претходно подготвени во семејствата на Велики четврток.
– Бог да ни помага во овие тешки времиња, но и самите како народ да си помагаме, ни ги пренесе своите молитви една средовечна аеродромка синоќа пред црквичката до Мајчин Дом.
Инаку, празнувањето и годинава беше збогатено со доаѓањето на Светиот благодатен оган од Ерусалим. Најсвечано беше пред Соборниот храм “Свети Климент Охридски“ во Скопје, но не помалку и пред сите други православни храмови. Пред храмовите се читаше и Велигденското послание на поглавараот на МПЦ-ОА архиепископот г.г. Стефан.
– Бог, Кој стана човек и зеде врз Себе сè човечко, освен гревот, искусувајќи дури и страдание и смрт – го изврши она што никој пред Него и освен Него не можеше да го направи: го избави човештвото од ропството на гревот и смртта, и овозможи секој што верува во Него да воскресне! Како што Неговата смрт ја победи смртта на сите, така и Неговото воскресение е воскресение за сиот човечки род! Со Христовото воскресение, воскресна Божјата вистина, се потврди Божјата правда и се покажа Божјата љубов!, порача архиепоскопот г.г.Стефан во име на сите македонски владици.
Во годинешново Послание на архиепископот г.г. Стефан посебно беше потенцирано потребата да се застане во заедничка молитва за спасение на сите страдални луѓе како и да се создаде македонско единство.
-Кон нашиот православен народ, пак, еве, и во мир се води војна и продолжуваат непријателствата и негирањата! Затоа, да Го молиме воскреснатиот Господ, да ни ги дарува потребните мудрост и единство, и нам, во Татковината, и насекаде до каде што нè има по светов, за да можеме да се одбраниме од сите што ја порекнуваат македонската посебност и сето она што нам ни припаѓа, или се обидуваат со сомнителни статистики да го намалат, па дури и сосема да го избришат многувековното присуство на Македонците по македонската земја, и во минатото и во сегашноста. Воскресението Христово било и останало темел врз основа на кој ние, народот и црквата макеоднски, ги потпираме нашата сегашност, минатото и иднина. Оттаму, и денес имаме надеж дека ќе им одолееме на сите напади од оние коишто ја оспорувата виситната за нашето вековно македонско постоење, за нашата ародна и културна посебност, потенцира во обраќањето архиепископот г.г. Стефан.