Гостиварец убиен со нож во групна тепачка со роднини од Здуње

Едно лице е убиено во пресметката што се случила ноќеска околу полноќ во Гостивар, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 30.07.2022 во Гостивар од полициски службеници од Полициска станица Гостивар, по преземени мерки и активности, лишени се од слобода Б.И.(55), Х.И.(64), Ј.И.(20), М.Р.(34), Б.Е.(51), Ш.И.(25), М.С.(24) и Ј.С.(31), сите од гостиварско, затоа што околу 00.45 часот на бул.,,Браќа Ѓиноски” во Гостивар учествувале во физичка пресметка.

-Имено, по претходна расправија поради нерасчистени меѓусемејни односи помеѓу Б.И., Х.И. и Ј.И., сите од гостиварско Здуње, од една страна и Р.С.(52), Б.Е., М.С. и Ј.С., сите од Гостивар, од друга страна, дошло до физичка пресметка во која Б.И. употребил остар предмет и му нанел убодна рана на Р.С.. Повреденото лице е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје, каде ѝ подлегнал на повредата, се наведува во соопштението.

За случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, а Б.И. е изведен пред Судија на претходна постапка и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Претходна вестТензично на северот од Косово, сирени во Митровица, блокади на патишта, полицијата затвори два гранични премина
Следна вестКосово ја одложи одлуката за регистарските таблички до 1 септември, ќе се смират ли тензиите?