Тајван: Се подготвуваме за војна, но не ја бараме

epa06789992 Taiwanese F-16 fighter jets fire flares as they perform different maneuvers as part of the 34th annual Han Kuang (Chinese Glory) military exercise in Taichung City, Taiwan, 07 June 2018. The drill, simulating an attack by China, is taking place in several areas in Taiwan and is held from 04 to 08 June 2018. EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Војската на Тајван издаде соопштение во кое се вели дека нивните сили се во состојба на готовност и внимателно ги следат кинеските вежби, јавуваат светските агенции.

-Министерството за национална одбрана нагласува дека ќе се придржува до принципот на подготовка за војна без да бара војна, и со став да не ескалира конфликтот и да предизвикува спорови, се вели во соопштението, кое го пренесуваат медиумите.

Соодветно на тоа, биле одржани вежби за цивилна одбрана и биле објавени известувања во одредени засолништа во случај на воздушен напад.

Ирацио-налното однесување на Кина има намера да го промени статус квото и да го поткопа регионалниот мир и стабилност, соопштило Министерството.

Тајван откажа голем број летови бидејќи Кина спроведува воени вежби во близина на островот.

Најмалку 40 летови до и од Тајван се откажани, објави „Чајна Тајмс“, цитирајќи го аеродромот во Тајпеј, од каде изјавиле дека откажувањата на летовите не се нужно поврзани со вежбите.

Бродови на кинеската морнарица и воени авиони накратко ја преминале централната линија на Тајванскиот теснец, изјавил за Ројтерс тајвански извор запознаен со ова прашање.

Околу 10 бродови на кинеската морнарица ја преминале централната линија и останале во областа од средата навечер до четвртокот напладне, а повеќе кинески воени авиони накратко ја преминале централната линија во четвртокот наутро, кажал официјален претставник, кој сакал да остане анонимен поради чувствителноста на предметот.

Тајван распореди ракетни системи за следење на активностите на кинеското воздухопловство во близина на централната линија, а бродовите на тајванската морнарица останаа блиску до централната линија за да ја следат кинеската поморска активност, рекол официјалниот претставник, пренесува медиумот.

Кина, според написите, лансирала балистички ракети Донгфенг во тајванските води, потврдило и нејзиното Министерство за одбрана, откако претходно тајванските власти соопштиле дека Кина ги лансирала ракетите во близина на нејзините острови Мацу.

Кинеското Министерство за одбрана соопштило дека неколку балистички ракети Донгфенг се лансирани во водите околу нејзиниот североисток и југозапад.

Во соопштението за печатот на кинеската војска, се наведува дека сите проектили ја погодиле целта: „Целата мисија за обука со жив оган беше успешно завршена“.

Извор: Макфакс

Претходна вестЌерката на Талат Џафери ќе врши надзор на парното греење на скопјани
Следна вестЗдружението на обвинители ја осуди Русковска: Го нарушувате угледот на јавнообвинителската функција, грубо го прекршивте Етичкиот кодекс