Тридневниот книжевен фестивал „Друга приказна“, почнува утре во Сули ан. Ќе учествуваат 40-ина гости од регионот и од земјата, а вториот и третиот фестивалски ден ќе се одвиваат во МКЦ-Скопје.
Фестивалот ќе го отвори белградскиот трансдисциплинарен уметник Урош Крчадинац во 18 часот, со претставување на два свои проекти: изложбата „Бантустански мапи“ и предавањето „Дигитална поетика“.
Централниот дел од вечерта, со почеток од 20:00 часот, ќе биде настанот посветен на угледната писателка Дубравка Угрешиќ, која е и лауретка на овогодишното издание на „Друга приказна“.
Првата фестивалска вечер ќе биде затворена со мал концерт на Димитра во 22:30.