Четворица грчки државјани вчера биле приведени во полициска станица по инцидентот кај „Рекорд“ во центарот на Скопје, соопшти денеска полицијата. Полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Т.В.(30), К.С.К.(33), М.Е.(22) и Т.Р.(25), сите од Република Грција.
– Тие се сомничат дека, како дел од навивачка група, околу 16.00 часот на ул.„Македонија“ физички ги нападнале Н.К.(41) и А.В.(42), двајцата од Скопје. По преземени мерки било утврдено дека дел од лицата од навивачката група одзеле предмети од продажен објект на улицата. Четворицата биле приведени во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



