Лажни се сите денешни пријави за поставени бомби во повеќе објекти во Скопје, соопшти полицијата. МВР информира дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта и други објекти во Скопје, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа.
– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се наведува во соопштението.
Претходно, утринава околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и антитерористички проверки. На електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатрон и ПС Центар.




