Приштина не сака да формира заедница на српските општини на Косово и Метохија иако тоа беше предвидено со Бриселскиот договор уште во 2013 година, туку сакa да предизвика воен конфликт на Србија со НАТО и целиот свет, а тие да се претстават себеси како жртви и балкански Зеленски, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во Собранието на посебна седница за Косово и Метохија.
Вучиќ рече дека режимот во Приштина почнал да ги малтретира Србите во Косово, само со цел да ги понижи и да предизвика конфликт.
– По поставувањето на барикадите, нивната единствена намера, бидејќи немаа намера да го спроведат ЗСО е да предизвикаат војна, да ја доведат Србија во конфликт со НАТО и целиот свет и да се претстават како жртви и балкански Зеленски и ние како агресори, како некој што се заканувал, видете го лицемерството, „територијалниот интегритет на суверената и независна држава Косово“, истакна Вучиќ.