СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.А.(39) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 21.08.2022, при враќање од годишен одмор за доиздржување на казна затвор, на влез во Казнено-поправната установа Затвор Куманово на В.А. му бил извршен претрес и кај него била пронајдена и одземена марихуана.