Во скопската населба Чаир вчера околу еден часот попладне, триесет и девет годишната Ф.Е од Скопје физички ја нападнала осумдесет годишната В.Д. при што и одзела пари. Откако настанот бил пријавен во полиција, осомничената веднаш била лишена од слобода.
– Полициски службеници од Полициската станица Чаир вчера ја привеле скопјанката Ф.Е. под сомнение дека физички ја нападнала В.Д. од Скопје во нејзиниот дом во населбата Чаир и ѝ одзела пари. По приведувањето на Ф.Е. одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственичката, а насилничката била задржана во полициска станица, се вели во сооштението од МВР.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.