Малолетник од Тетово на возраст од 14 години, со нож нападнало и повредило друго момче од градот. Против него е поднесена кривична пријава.
– СВР Тетово поднесе кривична пријава против 14-годишник од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”, велат од МВР.
Тој на 29 јануари оваа година во Тетово, агресивно се однесувал кон еден малолетник, а со остар предмет нападнал друг малолетник и му нанел повреда.