Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот ќе се одигра првиот меч помеѓу ракометните репрезентации на Македонија и Португалија. Квалификациите се играат за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи следната година.
Од ракометарите кои беа поканети да ги бранат боите на Македонија, селекторот Кире Лазаров нема да може да смета на Филип Талески, Жарко Пешевски и Марио Танаскоски.
По овој натпревар следи и гостување во Португалија, односно реваншот кој ќе се одигра на 12ти март, по кој и официјално ќе се знае победникот во квалификациската група 1.