Бугарски министер ќе диригира на концерт во Македонија

Во салата на Филхармонија вечерва ќе гостува Софиската филхармонија, под диригентската палка на маестро Најден Тодоров, кој воедно е и актуелен министер за култура во Владата на Бугарија. На програмата со дела од Вангелис, Ханс Цимер, Енио Мориконе, Дмитри Шостакович и Џон Вилијамс.

Концертот е насловен „Новата класика“, а солист ќе биде обоистот Владимир Лазаревски.

– Софиската филхармонија редовно одржува тематски концерти посветени на киното. За концертот во Скопје, маестро Тодоров избра некои од најголемите ремек-дела на филмската музика од филмовите како „Пиратите од Карибите“,  „Мисијата“, „Хари Потер“, „Индијана Џонс“ и „Војна на ѕвездите“, соопштуваат организаторите.

Концертот се организира во соработка со Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.

Претходна вестНАСА: Денот на вљубените може да стане денот на апокалипса, мали се шансите но сепак може да се случи
Следна вестПрепораката на психијатарот го одложи судењето на Мухамед Зеќири, бил во дестабилизирана психичка состојба