Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, по повод јубилејот 70 години од основањето распишува конкурс за најдобар есеј за три категории – ученици од основни, ученици од средните училишта и студенти. Темата за учениците од основните и средните училишта е „Јазикот наш денешен“.
За студентите темата е „Што направивме и што треба да направиме за македонскиот јазик“.
Конкурсот трае до 10 април годинава, а резултатите ќе бидат објавени на 5 мај, по повод Денот на македонскиот јазик, на огласната табла и на веб-страницата на Институтот.