Продолжуваат протестите во Франција, владата на Макрон се спаси за 9 гласа

Продолжуваат протестите во Франција против реформата на пензискиот систем. Реформата предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање за две години, од 62 на 64 години.

Протестите продолжија откако владата на францускиот претседател Емануел Макрон за „влакно“ избегна недоверба поради најавеното усвојување на пензиската реформа. Недоверба на владата поддржаа 278 пратеници, што е само девет помалку од потребниот број односно поддршка од 287 пратеници.

Пожарникарите во Париз цела ноќ гаснеа запалени купишта ѓубре, кои останаа на улиците поради штрајкот на комуналните работници.

Претходно полицијата употреби солзавец врз демонстрантите кои се собраа веднаш по изгласувањето недоверба на владата во парламентот, пренесе Ројтерс.

Протести имаше и во други градови, во југозападниот француски град Бордо, околу 200 до 300 луѓе, главно млади луѓе, се собраа да протестираат против реформите.

Судирите за пензиската реформа во Париз и ширум земјата во изминатите три ноќи потсетуваа на протестите на „Жолтите елеци“, кои избувнаа на крајот на 2018 година поради цената на горивото, пишува Танјуг.

 

 

Претходна вестПендаровски на чествувањето во УНЕСКО: Ацо Шопов веруваше во магичната моќ на поезијата да го очовечува животот.
Следна вестПо пропаѓањето на улицата зад Универзална сала казни од 12.500 евра за инвеститорот и изведувачот