Само неколку часа по нивното поставување откорнати се новопоставените обрачи на кошаркарското игралиште во кругот на ОУ „Љубен Лапе“ во скопската општина Аеродром.
На Фејсбук-страницата на оваа скопска општина објавено е дека тоа го сториле неодговорните граѓани.
-За жал, денес повторно сме сведоци на вандалски чин на едно од новите спортски игралишта во основното училиште Љубен Лапе, кое овие денови беше целосно реконструирано и обновено со современи и модерни содржини. Новопоставените обрачи на оваа локација, беа демолирани и отстранети од страна на неодговорни граѓани, неколку часа по нивното поставување, се потенцира во објавата.
Од општината нагласуваат дека јавните површини се заедничко добро и одговорноста за нивното одржување е заедничка.
-Апелираме на совесност, на заеднички придонес кон зачувување на она што е наша и заедничка сопственост, се вели во објавата.