Научниците тврдат: Во тек е феноменот Ел Нињо

Американските научници потврдија дека временскиот феномен познат како Ел Нињо започнал во Тихиот Океан и веројатно придонел за затоплување на целата планета. Тие тврдат дека 2024 година веројатно ќе биде најтоплата година досега.

– Ел Нињо сега се интензивира и се чини дека ќе го достигне својот врв подоцна оваа година во однос на интензитетот, рече шефот на долгорочното прогнозирање на Обединетото Кралство, Адам Скајф.

Како што објави Би-Би-Си, тие стравуваат дека ова може да доведе до надминување на клучната пресвртница за глобалното затоплување од 1,5 степени Целзиусови, што потенцијално ќе влијае на временските услови ширум светот, односно ќе донесе суши во Австралија, повеќе дождливо време во јужниот дел на САД или ќе ја ослабне Индиски монсуни.

Претходна вестМеџити: Жителите на Косово и Албанија не се странци, ќе се лекуваат кај нас по исти цени како македонските
Следна вестШеврон ќе плати отштета од 63 милиони долари на човек заболен од рак, закопале јама со токсични хемикалии