МВР денеска излезе со детали за тешката сообраќајка на патот Дреново – Кавадарци по која предизвика внимание во јавноста откако осумгодишно дете побарало помош на бројот за итни случаи 112.
-На 02.09.2023 во 21.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат за с.Дреново, на место викано „Стара автобуска“, Б.Т.(58) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „форд фокус“ со кавадаречки регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот, наведува полицијата.
Се додава дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Т. и малолетен сопатник од Кавадарци, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кавадарци.