Облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд

Од изутрина ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Преку денот ќе биде значително посвежо и ќе дува умерен до силен северен ветер (и над 60 км/час) најизразен во горниот тек на Повардарието. УВ=5

Утринската температура се движеше од 10 до 19 степени, додека дневната ќе се движи меѓу 16 и 29 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Температурата изутрина беше 16 степени, а преку ден ќе достигне 21 степен.

 

Претходна вестСилна Полска им нанесе прв пораз на македонските одбојкари
Следна вестАеродромци конечно нема да голтаат прашина: Асфалтирана раскрсницата на „Васко Карангелевски“ кај базенот