Изречени 136 казни, секој втор возел пребрзо

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што се изречени 136 санкции на скопското подрачје.

– Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции управување под дејство на алкохол, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

 

Претходна вестВечерва пред Влада граѓански протест поради случајот со Клиниката за онкологија
Следна вестПендаровски за случајот „Онкологија“: Kазна за сите за кои ќе биде докажано дека сториле тешки дела против здравјето на луѓето