Сопругот на пратеничка на ДУИ има ново работно место, ќе добива речиси 1200 евра плата

Елвир Зендели, сопруг на пратеничката на ДУИ Арта Билали Зендели од почетокот на месецов има ново работно место. Вработен е во Агенцијата за цивилно воздухопловство каде платата во зависност од стажот се движи околу 70.000 денари.

Останува на институциите да проверат дали имало одреден конфликт на интереси имајќи предвид дека станува збор за сопруг на пратеничка од мнозинството.

Одлуката за вработување е од пред два дена, со дата од 2 октомври 2023 година потпишана од директорот Томислав Тунтев, поранешен пратеник на СДСМ.

Претходна вестУставниот суд дозволи да се гради на просторот на „Треска“
Следна вестМизрахи го најави стартот на Анкетната комисија: Вистината за скандалот на Онкологија ќе ја извадиме на видело, каква и таа да е!