Темен режим Режим на светлина

Вечерва нов протест за скандалот „Онкологија“ пред Владата

Повик за нов протест денес во 18 ч. пред Владата на Македонија за скандалот „Онкологија“ упати платформата Одговорност, која од минатиот протест ја презема целокупната организација на протестите.

– Од минатата недела добивме и поддршка од онколошките пациентки кои веќе некое време протестираат пред ОЈО. До 1 Ноември остануваме со протести секој понеделник во 18 ч. пред Владата на Македонија, а по 1 Ноември, во консултација со онколошките пациентки ќе излеземе со соопштение на кој начин ги продолжуваме протестите. Денес, 09.10.2023, на протестот нема да се обратиме, ние организаторите, бидејќи се подготвуваме за следниот протест на 16.10.2023, каде ќе се обратиме со најновите информации и сознанија од Клиниката за онкологија. Изминатава недела остваривме и контакт со неколку медицински лица и сме во постојана соработка со истражувачките новинари кои ја почнаа оваа сторија, и згрозени сме од најновите сознанија. На 16.10.2023 ќе ги обелодениме дел од нив со вас, медиумите, и со јавноста. За крај, остануваме на 6-те Ултиматуми како и до сега, се вели во соопштението.

Инаку, на претходните протести на многуте транспаренти насобраните граѓани пишуваа: „Убивате за профит“. „Правда за жртвите“, „За болни физиолошки раствор, за криминалци – амнестија“, „Душите нивни ве демнат“…

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Македонци од Израел пристигнаа во Тирана, евакуацијата продолжува

Следна објава

Христо Петрески поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на ДПМ