Претседателските кандидати во Македонија постигнале начелен договор за одржување на мастер дебата на неутрален терен, со неутрални модератори. Ова го предложи актуелниот шеф на државата, Стево Пендаровски, кој инаку се трка за уште еден мандат на претстојните избори.
Од Изборниот штаб на претседателскиот кандидат Пендаровски денеска на брифинг со новинарите информираа дека сите штабови на претседателските кандидати дале начелна согласност за идејата, но сè уште се усогласуваат некои технички детали. Исто така, потврдено е дека нема да има исклучување на кандидати од дебатата, без оглед на барањата од некои кандидати за изземање на своите ривали.
Дебатата, ќе биде организирана од страна на изборните штабови, а дополнително ќе се оствари средба со медумите, за да се изнајде решение за начинот на кој ќе се реализира оваа идеја. Секоја партија ќе има можност да донесе своја публика, а сите медиуми ќе можат да вршат пренос во живо.