Трошоците за животот во март годинава, во однос на март лани, бележат раст од четири отсто, а цените на мало од 3.8 проценти, соопшти Државниот завод за стстистика.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2024 година, во однос на претходниот месец, изнесува 0.9 отсто.
Зголемувањето на инфлацијата во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 3.1 отсто, храна и безалкохолни пијалаци за 1.3 проценти, разновидни стоки и услуги за 0.6 отсто…
Во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групата мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.1 отсто. Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Цените на мало во март во однос на февруари 2024 година се зголемиле за еден отсто