Објавени се првите резултати од изборите одржани денеска во Хрватска. Хрватската демократска заедница (ХДЗ) освои 60, а Социјалдемократската партија (СДП) 42 мандати на парламентарните избори во Хрватска одржани вчера, покажуваат податоците на Државната изборна комисија, по преброени 98 отсто од гласовите.
И ХДЗ и СДП најавија дека ќе почнат разговори за формирање на влада.
За формирање влада потребна е поддршка од најмалку 76 од вкупно 151 пратеник во Саборот.
Гласале 61,99 отсто од избирачите. Право на глас на изборите имаа околу 3,7 милиони луѓе, што е за 127.000 помалку од пред четири години.