Кошаркарите на МЗТ Скопје се изборија за место во полуфиналето на АБА2 лигата.
Клубот од Аеродром доживеа пораз од Широки од 70:68 на соочувањето во Босна и Херцеговина, но благодарение на победата во првата средба од 85:69 обезбеди пласман во наредната фаза во која ќе ги одмери силите со Спартак Суботица.
Најефикасен кај „металците“ беше Делалиќ со 18 поени, по 13 уфрлија браќата Дамјан и Војдан Стојановски, а двоцифрен беше и Баковиќ со 10 кошеви. Кај домаќините се истакна Чолак со 18 кошеви.
И полуфиналето ќе се игра според истиот принцип дома-гости, а МЗТ ќе биде домаќин на Суботица во првата средба.
Инаку во регуларниот дел овие екипи се соочија во рамките на 7. коло, славеше српскиот тим со 86:81.