Изборниот ден во Македонија тече мирно, со како што посочија од МВР – регистрирани помали инциденти. Граѓаните избираат претседател на државата и нов собраниски состав.
Според најновите податоци од ДИК излезноста до 15 часот на претседателските избори изнесува 32,12 отсто.
Од друга страна, излезноста до 15 часот на парламентарните избори изнесува 36,72 отсто.