Денеска (01.10.2024) во 02.40 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив починала В.П.(67) од село Табановце, кумановско, која претходно била донесена за укажување на лекарска помош.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.