Нема повредени лица во пожарот кој утринава околу 10 часот избувна во Безистенот во Струга, соопшти денеска портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-Добиена е пријава за пожар во деловен објект во Безистенот во Струга. Интервенираше ТППЕ Струга. Повредени лица нема, а увидот привршува, додава Димовски.
На терен интервенираа четири возила на Територијалната против пожарна единица Струга со десетина пожарникари.
Според првични и неофицијални информации, пожарот не бил подметнат.
Безистенот во Струга функционира како отворен трговски центар во кој се сместени угостителски објекти, бутици, менувачници.