Фрлил автоматска пушка со вграден бајонет додека бегал од полицијата

20-годишен жител на Гостивар додека бегал од полицијата со својот автомобил фрлил автоматска пушка. МВР соопшти дела лицето е лишено од слобода.

-На 06.11.2024, околу 23:50 часот, 20-годишниот Л.Ј. од Гостивар бил лишен од слобода по опасна потера со полицијата. За време на бегството, додека се движел со своето возило „Мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, Л.Ј. фрлил автоматска пушка со рамка во која имало два куршуми од прозорецот на возилото. Осомничениот подоцна бил запрен и приведен, а била пронајдена и автоматската пушка со вграден бајонет, чие поседување за граѓаните е целосно забрането, како и рамка со два куршуми со калибар 7,62 милиметри, велат од МВР.

Момчето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе следи пријава по член 396 од Кривичниот законик. Полициските власти продолжуваат со истрагата за утврдување на сите околности на инцидентот.

Претходна вестПочнува шестиот Пчеларски саем во Скопје
Следна вестАнтикорупционерите ги потврдија наводите за трошење буџетски средства во приватни цели на поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска