67-годишен возач од Скопје бил уапсен вчера откако со неговиот „Мерцедес“ возел во спротивна насока на автопатот Тетово-Скопје, соопшти полицијата.
-Полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле 67 годишниот В.Т. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека тој со неговото возило „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички, на автопатот Тетово-Скопје се движел во спротивен правец, од наплатната станица Тетово кон наплатната станица Желино, при што предизвикал општа опасност во сообраќајот, пишува во полициското соопштение.
-Тој е задржан во полициска станица и по документирањето на случајот против него ќе следува соодветна пријава, додаваат од МВР.