Приведена битолчанка барана по потерница

Вчера во 11.00 часот на улица „Бранко Радичевиќ” во Битола, полициски службеници од МВР и СВР Битола ја лишиле од слобода В.М.(59) од Битола.

Таа била барана по потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено- поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Претходна вестПовеќе од 10.000 објекти уништени во пожарите во областа на Лос Анџелес, штетите над 150 милијарди долари
Следна вестЕкспремиерот на Бугарија Кирил Петков повикан на распит во Обвинителството