Темен режим Режим на светлина

Муцунски се сретна со вршителот на должност во катарската амбасада и амбасадорот на Казахстан

Одвоени средби на министерот Муцунски со вршителот на должност во катарската амбасада во Скопје, Шеик Јасим бин Хамад Ал Тани, и амбасадорот на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на одвоени средби ги прими вршителот на должност во катарската амбасада во Скопје, Шеик Јасим бин Хамад Ал Тани, и амбасадорот на Република Казахстан во Скопје, Сатибалди Буршаков.

На средбата со вршителот на должност во амбасадата на Катар во Скопје, Шеик Јасим бин Хамад Ал Тани, беа потврдени традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји, при што беше нагласена заедничката заложба за динамизирање на политичкиот дијалог и размена на посети на високо ниво. Во делот на билатералната соработка, соговорниците ја истакнаа потребата од продлабочување на економските и трговските односи, како и од зголемување на обемот на катарски гринфилд и браунфилд директни инвестиции во нашата земја.

На средбата со амбасадорот на Република Казахстан во Скопје, Сатибалди Буршаков, соговорниците констатираа дека билатералните односи помеѓу двете земји се добри, при што ја нагласија потребата од нивно понатамошно продлабочување, особено во економската сфера, како и зајакнување на севкупната билатерална соработка во иднина. Беше изразено и заедничко задоволство од досегашната одлична соработка на мултилатерален план и меѓусебната поддршка на кандидатури во рамки на меѓународните организации. Министерот Муцунски и амбасадорот Буршаков разменија мислења и за други актуелни прашања од заемен интерес, изразувајќи уверување дека добрата соработка меѓу двете земји ќе продолжи со засилен интензитет,с е наведува во соопштението.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Долгот на општините загрижувачки се зголемува, најалармантно е во Гостивар, Тетово и Карпош

Вработена во обложувалница украла 32.200 денари од прометот

Следна објава
МВР воведе промена во сообраќајот за денот на Задушница

2252 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 1018 за брзо возење