Темен режим Режим на светлина

Пожар во кругот на болницата во Битола, нема материјална штета, ниту се загрозени вработените и пациентите

Во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола изби пожар од запалена сува трева. Надлежните служби навремено и ефикасно интервенираа и го локализираа во најкраток можен рок. Нема материјална штета врз болничките објекти, ниту е загрозена безбедноста на пациентите и вработените.

-Министерството за здравство информира дека синоќа во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, изби пожар како резултат на запалена сува трева. Пожарот веднаш беше пријавен во Центарот за управување со кризи и противпожарната станица, по што надлежните служби навремено и ефикасно интервенираа и го локализираа во најкраток можен рок. Од страна на болницата беа преземени сите неопходни мерки за заштита и следење на ситуацијата. Нема никаква материјална штета врз болничките објекти, ниту е загрозена безбедноста на пациентите и вработените. Работата на болницата се одвива непречено, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Интервенцијата траела кратко и била целосно завршена без потреба од евакуација или дополнителни безбедносни мерки.

Министерството за здравство, велат оттаму, континуирано ја следи состојбата во сите јавни здравствени установи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ЦУК: До седум часот утрово активни седум пожари, еден локализиран и еден под контрола

Следна објава
Левица задоволна што е прифатен нивниот предлог закон за вработување во јавните здравствени установи

Левица: Нови амбулантни возила и изградба на Центар за изгореници предлага Левица со амандмани кон ребалансот